Шојгу: Украина планира да ја нападне руската територија со ракетите ХИМАРС и Сторм Шадоу
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на денешниот состанок на одборот на министерството изјави дека командата на украинските вооружени сили планира да изврши удари врз руска територија, вклучително и на Крим, со ракетите Химарс( HIMARS) и Сторм Шадоу (Storm Shadow).
-Според наши информации, раководството на украинските вооружени сили планира да изврши удари на територијата на Руската Федерација, вклучувајќи го и Крим, со ракети „ХИМАРС“ и „Сторм Шадоу, рече рускиот миниостер за одбрана.
Највисокиот руски воен функционер нагласи дека употребата на западно оружје надвор од зоната на специјални воени операции ќе предизвика итни руски напади врз центрите за одлучување во Украина. Тој додаде дека таквиот потег ќе значи целосно вклучување на САД и Обединетото Кралство во конфликтот, пренесува руската агенција Тас.
Шојгу, исто така, објави дека украинскиот режим ја продолжува својата контраофанзива јужно од Доњецк и во областите Запорожје и Доњецк. Тој тврди дека Украинците ги ангажирале своите елитни единици обучени од НАТО, но и дека користат големи количества оружје што го добивале од Запад.
-Од 4 јуни, украинската армија изврши 263 напади врз позициите на руските војници. Благодарение на компетентните, несебични акции на нашите единици, сите беа одбиени, а непријателот не ги постигна целите, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…