Шојку откри кои држави ќе бидат заштитени од рускиот нуклеарен чадор
Рускиот нуклеарен чадор, по ажурирањето на нуклеарната доктрина, се протега пред се на земјите од Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти секретарот на Советот за безбедност на Русија Сергеј Шојгу, по седницата на Советот на министри за одбрана и Комитетот на секретарите на Советот за безбедност на ОДКБ во Астана.
– Прво, сакам да кажам дека старата доктрина го предвидуваше и овој чадор, вклучително и за нашите сојузници. Тоа беше јасно кажано. Што се однесува до новата доктрина, нормално, таа се однесува на земјите од ОДКБ. Посебен додаток, ми се чини, се однесува на Белорусија – рече тој.
Шојгу потсети дека критериумите за употреба на нуклеарно оружје се доктрински пропишани – кога се врши агресија врз Белорусија со конвенционално оружје и кога постои закана за самото постоење на Белорусија.Членки на ОДКБ се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Ерменија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…