Објавено на:

Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко во ЕУ

t

Просечниот животен век во Шпанија е 84 години, поради што оваа медитеранска земја има најдолг животен век меѓу 27-те земји на Европската унија.

На второ место според очекуваниот животен век се Италијанците, каде луѓето живеат во просек 83,8 години, а на трето е Малта со очекуван животен век од 83,6 години, пренесува „Вијести“.

Просечниот животен век во Европската унија е 81,5 години.

Во долниот дел од табелата се Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Летонија, а последна е Бугарија, каде животот во просек трае 75,8 години.

Експертите сметаат дека долгиот живот на Шпанците се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Освен исхраната, има и други фактори како што се голем број сончеви денови, пријатна клима благодарение на која жителите поминуваат повеќе време на отворено занимавајќи се со физички активности.

„Во медитеранските земји, ние исто така го цениме социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто отколку луѓето во нордиските земји, кои не надминуваат во однос на БДП по глава на жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на Шпанското здружение на кардиолози.

Експертите сметаат дека тоа што пијат помалку жесток алкохол, имаат добар јавно здравствен систем, немале војни со децении и со своите политики успеваат да го намалат бројот на сообраќајни несреќи, исто така влијае на подолгиот животен век на Шпанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои земји поседуваат најмногу криптовалути?

Според податоците на Triple-A, од 2023 година,…

Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има…

Шест беспилотни летала погодија област на нафтена…

Претстојниот четврток е неработен за една заедница…

Министерството за труд и социјална политика соопштува…

НБА ќе добие нов шампион: Денвер и…

Екипата на Минесота Тимбервулфс е втор финалист…

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот…

Раиси беше еден од најстрогите ирански тврдокорни…