Шрајкуваат француските дипломати
После одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон за изедначување на дипломатите од кариера со другите државни службеници, дипломатите реагираа со еднодневен штрајк.
Група од 500 француски дипломати минатата недела во авторски текст објавен во Монд истакнаа дека одлуката на Макрон води кон исчезнување на професионалната дипломатија во Франција, како и „самиот опстанок” на Министерството за надворешни работи.
Тие тврдат дека нивната работа бара специјализација и стручност која се стекнува со години на работен стаж ширум светот и дека во неа нема место за „аматери“.
Ова е втор штрајк на дипломатите во изминатите 20 години, а шефицата на француската дипломатија, Катрин Колона сè уште нема дадено коментар во врска со штрајкот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…