„Штекли“ осуден на 8 години затвор за продажба на кокаин и марихуана
Првоосомничениот за учество во организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана, Раде Трајковски-Штекли денес беше осуден на 8-годишна затворска казна од страна на Основниот кривичен суд-Скопје. Останатите четворица обвинети од истата група се исто така осудени – тројца по пет години и еден на затворска казна од три години.
Адвокатот на Трајковски во изјава од судницата рече дека неговиот клиент е човек со здравствени проблеми.
Според обвинението, групата делувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, со јасно распределени улоги – од набавка до дистрибуција на наркотиците. Обвинителството го посочува Трајковски како организатор и координатор, кој одржувал контакти со лица од странство и со домашни посредници, давајќи насоки за набавка и ширење на мрежата.
Доказите укажуваат дека дрогата се складирала во изнајмени станови, а продажбата се вршела по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку апликации со заштитена комуникација, меѓу кои и „Снепчет“, а дел од доказниот материјал бил обезбеден преку анализа на мобилни уреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го објави напаѓачот од Ист Гејт:…
МВР објави фотографија од напаѓачот, кој денеска…