Што крие „премиерот“ Таче? – Преговорите со Бугарија морало да се тајни

t

Во интервју за новинската агенција МИА, премиерот Димитар Ковачевски ја брани одлуката клучните документи околу кои се преговара со Бугарија да останат скриени од јавноста.

Паралелно нормално се одвива и процесот на разговори за политичките прашања коишто се отворени, тоа се води на ниво на министерството за надворешни работи. Таму се работи на работни документи коишто не е добро да се споделуваат со јавноста со оглед на тоа дека не се официјални документи прифатени од двете страни, меѓутоа кога ќе имаме решение коешто е на ниво на експерти прифатливо, тоа сигурно ќе биде презентирано како на јавноста, така и на институциите коишто се задолжени за одобрување и прифаќање на такви документи согласно со законите и со уредувањето на двете држави, изјави Ковачевски.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време бара од Ковачевски и од министерот за надворешни работи Бујар Османи да го обелоденат таканаречениот план 5+1, кој бил разменет меѓу Македонија и Бугарија. Овие повици следат особено откако поранешниот министер Никола Димитров предупреди дека Владата подготвува отстапки кои сериозно ќе го разнишаат македонскиот национален идентитет. Бугарија бара од Македонија да прифати дека Македонците историски се Бугари, кои дури неодамна изградиле свој национален и јазичен идентитет.

По честите најави на Зоран Заев дека Македонија само што не отворила преговори со ЕУ, Ковачевски, во интервјуто за МИА, одбива да се поврзе со конкретен рок до кога очекува бугарското вето да биде тргнато. Бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на неговиот мандат излезе со рок од шест месеци, но по јавни критики дома, пред се од претседателот Румен Радев, и тој престана да зборува за конкретен датум.

Рамката која што ја поставивте како прашање нормално дека во текот на процесот треба да излезе некаква рамка којашто јас не ја гледам како некаков формален документ на хартија, што на крајот на денот веројатно и ќе биде ставено, меѓутоа рамката треба да претставува адресирање на отворените прашања помеѓу двете страни. Она што исто така го разговаравме тука е дека решението на прашањата треба да биде во духот на европските вредности, на взаемно почитување помеѓу двете држави и на задржување на достоинството на граѓаните и во едната и во другата држава. Кога ќе имаме такво решение тогаш ќе можеме да кажеме дека е нешто што може да се сподели, јас не би се врзувал за датуми. Јас велам дека ни треба брзо решение со оглед на тоа дека сме заслужиле отворање на преговорите со ЕУ, но секако не ни треба избрзано решение бидејќи решението коешто ќе се постигне треба да претставува основа за иднината пред нас како за добрососедските односи, така и за водење на преговорите и полноправно членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Интервјуто на новинарката Тања Милевска со Ковачевски може да го проследите тука:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…