Што потпишаа Путин и Ким: Кој ја нападне Русија, исто како да ја нападнал Северна Кореја и обратно!
Договорот за сеопфатно стратешко партнерство што го потпишаа Русија и Северна Кореја вклучува взаемна помош во случај на агресија врз една од земјите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на крајот од средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Пјонгјанг.
„Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска предвидува и взаемна помош во случај на агресија врз еден од потписниците“, рече Путин.
Во тој контекст, рускиот лидер го привлече вниманието на изјавите на САД и другите земји од НАТО за набавка на високопрецизни системи со долг дострел, авиони Ф16 и друго слично оружје и опрема за напади на руска територија.
„Ова не е само изјава, тоа веќе се случува и сето тоа е грубо кршење на ограничувањата што ги преземаат западните земји во рамките на различни видови меѓународни обврски“, нагласи Путин.
Безбедносните прашања и меѓународните прашања имаа значајно место во разговорите со Ким Џонг Ун, додаде рускиот претседател.
„Нашите земји постојано се борат за идејата за формирање поправеден и подемократски мултиполарен светски поредок. Тоа мора да се заснова на меѓународното право и културно-цивилизациската различност“, рече рускиот лидер.
Според Путин, Русија и Северна Кореја водат независна надворешна политика и не прифаќаат диктати однадвор.
Претседателот на Северна Кореја од своја страна изјави дека потпишаниот Договор има мирољубив и одбранбен карактер. Тој рече дека Договорот ќе го забрза формирањето на нов мултиполарен свет.
Ким Џонг Ун ја нарече Русија „најискрен пријател и сојузник“, а Владимир Путин „најдраг пријател на корејскиот народ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…