Шукова: Спремни сме за предвремени парламентарни избори кога и да бидат!
Во денешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Каја Шукова, зборуваше за состојбата во партијата и нејзината подготвеност за евентуални предвремени парламентарни избори.
„Во изминатава година и пол поминуваме низ процес на консолидација. Почетоците беа тешки, особено во првите неколку месеци, но со текот на времето гледаме дека состојбата значително се подобрува. Нашите членови сè повеќе се враќаат, општинските организации повторно се полнат, а структурата на партијата е обновена,“ изјави Шукова.
Таа додаде дека партиските комисии функционираат сериозно и активно, што, како што рече, ѝ помогнало во изработката на програмата за локалните избори.
„Граѓаните се сè поразочарани од оваа централна власт, а слична е состојбата и на локално ниво, каде голем дел од ветените проекти не се реализирани. Тоа незадоволство се претвора во наша предност,“ нагласи кандидатката на СДСМ.
На крај, Шукова порача дека СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори кога и да бидат распишани, истакнувајќи дека поддршката за нејзината партија расте од ден на ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…