Шукова: Цените постојано растат, а нашите граѓани имаат најниски плати во регионот

t

Индексот на трошоци на живот од први до трети месец е пораснат од 2,7 до 5%, цените на мало пораснале во истиот период за 2,2 до 5,2%, а нашите граѓани се со најниски плати во регионот. Платите мора да се зголемат за да се заштити стандардот на граѓаните. Дури и Светска банка, која не се занимава со реторика и популизам, туку со економска логика, ги намали проекциите и вели 2,6% ќе биде растот на БДП во 2025 година, истакна пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Шукова додаде дека ниту макроекономските показатели не се добри, растот на индустриското производството од септември до декември е негативно, само во јануари имало раст од 1.4%, а во февруари повторно пад од 0,8%.

Во најголемите 2 кризи – енергетската и ковид кризата владата предводена од СДСМ, додели 2,6 милијарди евра неповратни средства на компании, правни и на физички лица, и тогаш многу од компаниите, особено погоедени од економсата криза, не затворија само заради таа доделена помош. Сега нема криза а економијата е во пад, рече Шукова.

Повратот на ДДВ доцни, зголемувањето на пензиите го зголеми долгот на пензискиот фонд, а цените на храната се покачуваат откако завршија мерките, нагласи пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Во врска со средствата од унгарскиот кредит за општините, Шукова додаде дека се уште не се рефлектираат во агрегатните податоци, бидејќи се потрошени само 8% од 77 милиони евра што покажува слаба реализација и неефикасност.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…