Објавено на:

Ѓилас: По 15 март Вучиќ ќе го апси секој што му пречи, јас сум меѓу главните фаворити

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно најави можни апсења на опозициските лидери, тврдејќи дека истрагите за нивните „криминални дејствија“ се во завршна фаза. Оваа изјава предизвика загриженост кај дел од опозицијата, која стравува дека наскоро може да заврши зад решетки.

Опозицискиот лидер Драган Ѓилас реагираше на изјавите на Вучиќ, велејќи дека претседателот е подготвен да апси, па дури и да употреби насилство за да ја зачува својата власт.

„Вучиќ се врати во фабричките поставки. Подготвен е не само да апси, туку и да испрати убијци кај сопствениот народ за да остане на власт“, изјави Ѓилас, додавајќи дека очекува апсења веднаш по 15 март.

Во своите медиумски настапи, Вучиќ не прецизираше кои се опозициските функционери под истрага, но посочи дека Мирослав Алексиќ, Бојан Пајтиќ и Драган Ѓилас се „нервозни“ бидејќи знаат дека се истражувани.

„Не е возможно големите криминалци да се извлечат додека се апсат само мали риби“, изјави Вучиќ, алудирајќи на можното приведување на поранешниот покраински премиер Пајтиќ.

Дел од опозиционерите сметаат дека ова е само тактика за заплашување пред претстојните протести. Вучиќ претходно ги обвини неговите политички противници дека подготвуваат „обоена револуција“, насилство на протестите и упад во институциите. Иако судскиот случај со Металс банка заврши пред две години, Вучиќ повторно го поврза Пајтиќ со оваа истрага, што дополнително го заострува политичкиот дискурс во Србија. Бојан Пајтиќ одби да ги коментира заканите на Вучиќ, велејќи дека не сака да им придава значење.

Во меѓувреме, опозициските лидери најавуваат продолжување на протестите, и покрај можните репресивни мерки од страна на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…