Ѓоковиќ е во финале! Србинот посилен од заморот, ќе се бори за нова титула

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на завршниот мастерс во Торино, откако во попладневното прво полуфинале по голема борба и два тај-брејка го совлада Американецот Тејлор Фреиц (7-6, 7-6).

Тоа беше гладијаторска пресметка буквално за секој поен, во кој двајцата тенисери направија по еден брејк во секој од сетовите. Во првиот, популарниот Ноле прв му го одзеде сервисот на противникот и тоа во петтиот гем за водство 3-2, но за жал на неговата публика не успеа да го потврди бидејќи Американецот врати на идентичен начин. Речиси идентично беше и во тај-брејкот, кога Србинот прв направи мини-брејк за 3-2, а Фриц веднаш врати за 3-3, па клучен момент беше вториот мини-брејк на Ѓоковиќ за конечни 7-5.

Американскиот тенисер одлично го почна вториот сет и веднаш му одзеде сервис на големиот противник, кој дури во десеттиот гем дојде до првата шанса за рибрејк, која веднаш ја искористи. Во вториот тај-брејк почесто се одземаа сервисите, но еден од најдобрите тенисери на денешницата ја искористи втората меч-топка за пласман во финалето.

Негов противник во утрешниот дуел за трофејот и богатата награда ќе биде победникот од вечерашната пресметка помеѓу Каспер Рус и Андреј Рубљов.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…