Ѓоковиќ за драмата во Австралија: Преку ноќ станав најголем негативец во светот!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро ќе ја нападне титулата на Австралијан опен, а претходно за медиумите зборуваше за драмата која му се случи пред една година.
Ѓоковиќ минатата година беше депортиран од Мелбурн затоа што не е вакциниран, иако имаше медицински документ кој требаше да му овозможи влез и престој во Австралија.
„Се надевам дека ќе ја освојам 10. титула во Мелбурн, но не заборавив што ми се случи. Ме нападнаа од сите страни. Преку ноќ станав најголем негативен во светот, а тоа е тешко кога сте спортист. Неколку недели не излегував од дома кога се вратив во Белград. Се надевав дека ситуацијата ќе се смири“, кажа Ѓоковиќ.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…