Ѓоковиќ за 40 минути во осминафинале, елиминиран ланскиот шампион!
Новак Ѓоковиќ тамам сакаше да почне да се враќа во ритам, откако направи пауза по загубеното финале на Вимблдон, арно ама не одигра ни цел меч во првото појавување на мастерсот на Синсинати.
Неговиот противник од 2. коло, Алехандро Давидович Фокина од Шпанија го предаде мечот откако се пожали на повреда по завршувањето на првиот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ со 6-4. Следен ривал за Србинот ќе биде Гаел Монфис од Франција, кој вчера приреди мало изненадување совладувајќи го 12. на АТП-листата, Алекс Де Минор од Австралија со 7-5, 6-4.
Toj не беше единствен од рангираните тенисери, кој мора да пакува куфери. Елиминиран беше и ланскиот првак, Борна Ќориќ (15) од Хрватска, со пресврт од Полјакот Хуберт Хуркач 5-7, 6-3, 6-3.
Осминафиналето беше недостапно и за шестиот носител, Данецот Холгер Руне, кој мораше да се повлече поради повреда во дуелот со Американецот Мекензи Мекдоналд, во ситуација кога губеше со 6-4, 0-2. Елиминиран е и десеттиот рекет во Синсинати, Френсис Тијафо од САД, од некогашниот број 3 на светот, Стан Вавринка, со 6-3, 6-4.
Женскиот дел од турнирот остана без ланската финалистка и деветта на светот, Петра Квитова од Чешка. Беше совладана од сонародничката Линда Носкова со 3-6, 6-2, 6-4.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…
Гори на три локации низ Македонија, четири…
На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Путин: Резултатите на АфД се последица на…
Победата на Алтернатива за Германија на изборите…
Зошто се менува светската карта по пет…
Картата на светот што генерации ја гледаат…