Ѓоковиќ: Како е можно големите земји да се обединат и да бомбардираат мала?
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во интервју за „НБЦ 5“ зборуваше на многу теми, поврзани со тенисот, но и со неговото детство.
Српскиот ас се наврати на 1999 година и бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Ѓоковиќ се чудеше како е можно големите сили да се обединат и да се одлучат за такво нешто.
„Како е можно големите земји да се здружат и да бомбардираат мала? Со беспомошни луѓе на улиците и да уништат сè? Не можев да разберам. Нема оправдување за војна, нема оправдување за бомбардирање и уништување на нечиј дом.
Тоа е најлошиот вид на суровост. Тоа многу ме налути мене и сите во Србија. Лузните од тие емоции и гнев и денес постојат кај сите нас од Србија. Но, работев на себе, на тие емоции, за да простам. Мора да простиш.
Луѓето во Србија страдаа многу во последните сто години. Само во Првата светска војна загинаа повеќе од милион Срби. Но, гледате, ова е на некој начин судбината на нашиот народ во овој регион, но сепак верувам дека тоа може да нè направи посилни“, меѓу другото рече Ноле.
Во периодот кога на АТП турот се кинеските турнири, Ѓоковиќ е на заслужен одмор по историскиот трофеј на УС Опен и својата 24. Грен слем титула.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…