Објавено на:

Ѓоковиќ номиниран за најдобар спортист на 2021 година – Дали ќе ја освои оваа награда по петти пат?

t

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е номиниран за најдобар спортист во 2021 година на традиционалниот избор на Академијата Лауреус.

Ѓоковиќ во кариерата четири пати ја освојуваше оваа награда, а беше објавено дека во потесниот избор се најде со „тазе пензионираниот“ Том Брејди од НФЛ, играчот на Баерн Минхен Роберт Левандовски, шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен, пливачот Калеб Дресел и спортистот Елијуд Кипчоге.
Новак во досегашната кариера четири пати е прогласуван за најдобар спортист на годината.

Во женска конкуренција се австралиската тенисерка Ешли Барти, фудбалерката Алексија Путелиас, спортистките Елејн Томпсон Хера и Алисон Феликс и пливачките Ема Мексион и Кејти Ледек.

За најдобар тим се натпреваруваат фудбалските тимови на Аргентина и Италија, женската фудбалска екипа Барселона, Мерцедес од Формула 1, НБА лигата Милвоки и кинеската олимписка секција во скокови во вода.

За повратник на годината беа номинирани Сајмон Билс (гимнастика), Скај Браун (скејтборд), Марк Кевендиш (велосипедизам), Том Дејли (нуркање), Марк Маркез (Мото ГП), Анемик ван Влојтен (велосипедизам).

Кандидати за пробив на годината се Нерај Чопра (атлетика), Данил Медведев (тенис), Педри (фудбал), Ема Радукану (тенис), Јулимар Рохас (атлетика), Аријарна Титмус (пливање).

Наградите ќе бидат доделени напролет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Михајловски ја добити актерската наградата за…

Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската…

Награда од 20.000 евра за информација која…

Шефот на руската антикорупциска фондација и близок…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…