Објавено на:

Ѓорѓиевски ги повика музичките бендови да бидат дел од “Битката на бендови” во Кисела Вода

t

Ги повикуваме музичките бендови да бидат дел од настанот ,,Битка на бендови”, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

,,Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на oпштина Кисела Вода.

Објавен е јавен повик на кој можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.

Изборот ќе го врши комисија која ќе биде формирана од мене како градоначалник.

Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на oпштина Кисела Вода.

Овој настан го организираме првпат до сега и има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.

Огласот е отворен од вчера, понеделник, 13.06.2022 година, до петок, 17.06.2022 година и заедно со сите критериуми и услови е достапен на општинската веб страница на следниот линк.

Пријавите треба да се доставуваат во архивата на општината со назнака – ,,За избор на најдобри музички бендови”.

За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се обратите кај лицето Сашо Јованоски,

☎️ тел. број 070/268 076, или електронски, на email адресата :

📩 [email protected]

ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…

Без вода дел од населба Влае

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира…

(ФОТО) Митовски на лице место направи проверка…

Директорот на ЈП Водовод и канализација –…