Ѓорѓиевски: Мицкоски го почитувам како родител, тој 15 години ќе биде премиер
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во Претрес со Ландов рече дека Христијан Мицкоски 15 години ќе биде премиер.
На прашањето дали Орце е „Груевист“ тој одговори – „Орце е ВМРО-вец и секогаш ќе биде.“
Додаде дека премерот Мицкоски го почитува како родител. Исто така истакна дека се блиски пријатели и тој е човекот кој го познава најдобро од целата партија и секогаш ќе застане зад него бидејќи тој е тука за целото членство, како никој негов претходник.
„Јас не менувам дрес. Од 2018 не сум имал контакт со Груевски”, рече Ѓорѓиевски.
За СДСМ изјави дека би сакал да постават 15 столчиња на Бихачка колку што им останале членови и да организираат јавна дебата со него за се.
Не сакаше да шпекулира колку гласови ќе има Левица, бидејќи немал никогаш контакт со Амар Мециновиќ и не го познавал лично.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…