Ѓорѓиев до Максо и ЗНАМ: Го убедувавме народот да ве гласа, верувавме во вас, но што добивме за возврат? Ништо од ветеното! Само богатење на поединци

t

Максим Димитреивски, бато јас, моите другари и мојата фамилија тргнавме со чисто срце, со искрена намера – да изградиме нешто поинакво, нешто праведно. Верувавме дека ова ќе биде твојата партија, место каде што ќе одлучуваш ти, каде што нема да продолжи темпото на крадење на македонскиот народ. Не посакавме ништо за себе, не баравме функции, не баравме привилегии – баравме само правда, чест и еднаквост за сите.

А денес, речиси една година подоцна, гледаме што се случува. Ги донесовме на власт луѓе што никој не ги познаваше, луѓе за кои се колневме дека ќе донесат промена. Ги убедувавме народот да гласа, зборувавме со срце, верувавме во нив, но што добивме за возврат? Ништо од ветеното.

Знаеш дека никој од моите не ти побара ништо, освен вистина. Но вистината не може да се крие долго. Знаеш, и без петел сванува – нели, тоа е твојата изрека? Тогаш запрашај се – во што е проблемот? Дали во петелот, дали во кокошките, или можеби во целиот кокошарник?

Пратениците избрани од НАРОДОТ ги толерирам уште пет дена. Пет дена за да покажете дека зборот не ви е празен, дека борбата не беше залудна. А потоа? Тогаш ќе видиме и петли, и кокошки, и цели кокошарници. Зашто овие луѓе не се активираа за да ги богатат пратениците – тие се активираа за правда. За народот. За МАКЕДОНИЈА, напиша Ѓорѓиев на Фејсбук. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните…

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека…

Двајца поранешни министри од владата на Орбан…

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од…

ФФМ: Организиран превоз и фан зона за…

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…