Ѓуретановиќ: Бев многу возбуден, моите години го направија своето
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ имаше слабо издание на трката на 400 метри на Летните олимписките игри во Париз. Првиот македонски олимпиец на игрите делницата од 400 метри ја заврши со време од 4:05.38 минути што беше доволно за последното место во најслабата прва група во квалификациите на оваа делница.
Македонскиот пливач исплива дури три секунди послабо од неговото пријавено време за игрите во Париз.
„Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави Ѓуретановиќ за сајтот на МОК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазен пешак на булевар во Скопје
МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…
Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…
Навистина е непристојно една земја членка на…
Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…
Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…
На вториот круг на локалните избори во…
Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…