Јакимовски: Добар политичар мисли само за следните избори, а добар државник мисли за следните генерации!
Добар политичар мисли само за следните избори, а добар државник мисли за следните генерации.
Иднината не се наследува, нас во наследство асномците ни оставија прекрасна држава, дури и од Уставот ги исфрлија, а во исто време некако не создаваме нова иднина, затоа ова се избори во коишто секој граѓанин треба да се вклучи во создавањето на иднината на Република Македонија, а јас сум тука да идам на чело токму за создавање на иднина за сите граѓани на Република Македонија.
Мора да го реформираме темелот на општеството, тоа е образованието. Образование кое ќе дава знаење, а не петки,образование во коешто ќе биде фундаментот на општеството.
Втората работа се реформите во здравството. На претседателот на државата не му се сеедно во какви болници се лечат неговите граѓани, какво образование има. Исто ли е дали имаме неефикасна гломазна администрација, во која ќе викате нема пари за ова за она, впрочем како претседател на држава ќе бараш средства за Армијата, за вооружување, техничка опрема и да ти велат дека нема, а во исто време министерства кои треба да бројат по 10 луѓе, да бројат по 450 луѓе со високи плати и згора на тоа не доаѓаат на работа.
Тоа како претседател на држава треба да го премолчувате или треба сите такви горливи прашања да се отвораат и заеднички со Владата да се разрешуваат. Кога гледаме дека некои работи не одат претседателот е најповикан во име на сите граѓани да бара решенија, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
https://www.facebook.com/jakimovskis/videos/803710557849576?locale=mk_MK
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите и оваа година ќе добиваат 840…
За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…