Јакимовски: Констатирале кучиња скитници во Карпош – а во 2000 година имаше повеќе кучиња отколку деца

t


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Разговори во живо“ со Тони Михајловски, зборуваше за своите партиски противници кои единствениот проблем кој го констатирале во општината се уличните кучиња.

„Замислете, кога си безидеен – најголемата работа што можеш да ја „констатираш“ е дека во Карпош имало кучиња скитници. Големо откритие, нема што.

Ајде малку да се потсетиме – во 2000 година имаше повеќе кучиња отколку деца. Во 2009-та, истата слика. Денес? Реално, Лајка работи солидно и глутници по маалата нема. Да, ќе се појави по некое куче, ама тоа е затоа што некој од други населби ги истовара кај нас.

 Три пати предлагав на Совет да се издвојат по два милиони денари за Лајка – и трите пати гласаа против. И тие истите денес констатираат дека имало кучиња.

Тоа е нивото на „интелигенција“ со кое се борат против Карпош. А јас ќе продолжам да се борам за вистински решенија.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Констатирале кучиња скитници во Карпош –…

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во…

Лекари од државните болници ќе се обучуваат…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави…

Лишен од слобода кумановец кој неколку месеци…

„На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници…

ВМРО-ДПМНЕ го уништи Ѓорче Петров, Стојкоски ја…

Стојкоски нема реализирано ниту еден капитален проект…

Еди Рама се пошегува на сметка на…

Албанскиот премиер Еди Рама одбра да го…