Јакимовски: Направивме боксерска вреќа од Уставот! Ако Ковачевски не се откаже од намерата, на избори дебело ќе го чини

t

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски категорично е против менување на Уставот за внесување на Бугарите и смета дека доколку Димитар Ковачевски не се откаже од идејата таквата одлука скапо ќе го чини на следните избори:

Јас не знам за ВМРО-ДПМНЕ, јас знам ставот на ГРОМ каков ќе биде.

Ние сеуште за таа работа немаме Централен одбор, бидејќи не се актуелни сеуште.

Меѓу тоа кога ќе бидат актуелни, моја препорака ќе биде

до Централниот одбор,да завземеме став, да бидеме против уставните промени

за влегување на Бугарите во Уставот.

И, второ гледаме дека промените на Уставот нема само да имплицираат влез на Бугари во Парламентот,

туку ќе има и други уставни промени.

Ние почнуваме со Бугари или Грци, завршуваме со нешто друго.

Сметам дека направивме боксерска вреќа од нашиот Устав.

Најменуван Устав можеби во светот е македонскиот Устав.

И мислам дека ние тука треба да застанаме.

Дека ова е несоодветна понуда.

Јас кога би бил на местото на премиерот Ковачевски,

од оваа работа би се откажал, затоа што сметам дека дебело ќе го чини на избори., вели Јакимовски во Само вистина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…

Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…

(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…

Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…