Јакимовски: Недостасува храброст да престанеме со популизмот!

t

Недостасува храброст да престанеме со популизмот!

Сѐ ова што се прави досега е обичен популизам и ништо повеќе. Ни треба храброст за внатрешните прилики во Македонија да си ги средиме, да се спротивставиме пред сѐ на големите политички партии, на нивните навики, на нивната окупација на јавните институции, поготово на безбедносниот и судскиот систем кадешто мислам дека сѐ што „мириса“ на партија и што е блиску до партија треба да направиме ветинг. Тие служби, безбедносниот систем и судско-обвинителскиот систем ние треба комплетно да го департизираме и да го ослободиме од партиите.

Во делот на надворешната политика и тоа како ни треба храброст. Ние досега ниту еднаш не собравме храброст да се спротивставиме на сите овие притисоци што се случуваат врз Република Македонија од 1992 година па навака.

Прво беше притисок да го промениме знамето, па потоа беше притисок дали ќе можеме да формираме држава или нема да можеме да формираме, па ни стигна Лисабонската декларација, па видовте што се случува, какви притисоци за време на воените дејствија во 2001 година, да го промениме политичкото уредување на Република Македонија, па притисоци за промена на името.

Јас секогаш ќе кажам, мора храбро да одолееме на промена на Уставот затоа што секое отворање на Уставот настрадувание ние Македонците. Во минатото отворање на Уставот го исфрлија темелот на македонската држава, а тоа е АСНОМ, значи сега повторно ќе се исфрли нешто од македонскиот Устав и ние Македонците повторно остануваме монета за поткусурување. Тоа значи дека храбро треба да застанеме и да им кажеме и на оние од надвор и на оние од внатре што се подготвени да предаваат дека доста беше со предавства и доста беше со бавење со имагинарни прашања, односно на прашана на коишто не може да се даде одговор.

Затоа храбро кажуваме, НЕ разговараме за идентитет, не разговараме за јазикот, а сме за европскиот пат, но во исто време храбро ви кажуваме дека не сме подготвени повеќе од 2030 година да чекаме за влез во ЕУ, тој пат ќе го тераме, меѓутоа ќе бараме решение за проблемите на граѓаните, а пред сѐ за економските проблеми на Република Македонија, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

https://www.facebook.com/jakimovskis/videos/1007690424103081

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…