Јакимовски: Ние ѝ требаме на ЕУ, не само таа на нас – Се кандидирам за да промениме нешто во општеството! 

t

Зошто мислите дека нам ни треба ЕУ,  а ние не сме ѝ потребни на ЕУ? – прашува во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Овие бодликави живи кај Гевгелија на граница се за нас или за Европа? Тие што сакаат да ја поминат границата сакаат да одат во Куманово и Скопје или во Берлин, Хановер? Чии политики ние спроведуваме? Ние ја штитиме нивната граница, нив им е исто така битно да бдат сигурно дека ова подрачје и економски и политички и воено биде блиско со нив, вели Јакимовски.

Претседателскиот кандидат нагласи дека доколку до 2030 година не влеземе во ЕУ, Македонија треба да си бара сопствен пат.

– Во земјата мора да се донесат инвестиции, инвеститори, нови работни места, да се покачи БДП-то, како сме тргнале ќе станеме земја на пензионери, кој ќе ни ги плаќа пензионерите?

30 години некој се обидува да ни наметне дека Европа ни ги решава проблемите, ЕУ ги отвора вратите за наш кадар да им служи нив, да им ги решава проблемите, вели Јакимовски.

– Јас се кандидирам на овие избори за да промениме нешто во општеството. Кој ни пречи да прекинеме со партиски вработувања, да гласаме онлајн, да имаме дебата, нагласи Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…

Повеќе од два милиони несреќи при работа…

Во 2021 година, ЕУ забележа повеќе од…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…