Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%
Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“.
– „Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, вели Јаневска.
Вели Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование.
– Универзитетските професори да им бидат вистински ментори на студентите, да им помогнат да стекнат што поквалитетни знаења и вештини а паралелно и континуирано да работат на својата научна надоградба и да објавуваат трудови. Критериумите за добивање и задржување на професорската титула на светски признатите универзитети мора да важат и кај нас, ако сакаме и нашите универзитети да се видливи на листите на најдобрите, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…
Стапија на сила царините што ги воведе…
Канада од денеска воведе царини за САД…
Руски балистички ракети врз Киев: шестмина повредени,…
Киев утрово повторно беше под руски ракетен…
Експлозии во центарот на Атина: Фрлени бомби…
Рачни гранати беа фрлени денеска врз две…