Јаневска: Се обидуваме да го намалиме одливот на студенти
Процентот на одлив на студенти треба да го пресметаме според бројот на запишани студенти, не според бројот во распишаниот конкурс, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на студенти и дали тие ги напуштаат факултетите кога одат на размена во странство.
– Кога ќе отидат на размена, тие не можат да останат таму, тие одат од земјава откако, генерално, завршуваат со своите студии, што сериозно се обидуваме да го намалиме, давајќи стипендии и правејќи подобри услови, рече Јаневска.
Посочи дека во тек е анализа за утврдување на квотите за запишување студенти на јавните универзитети и појасни дека процентот на одлив е реално помал затоа што треба да се пресметува според број на запишани студенти, а не според бројот на слободни места во распишаниот конкурс.
– Бидејќи универзитетите односно факултетите распишуваат слободни места според број на студенти што ги добиле со акредитација, кога на крај ќе сумираме излегува бројката на одлив на студенти поголема отколку што реално е. Бројот на одлив на студенти треба да го пресметаме според бројот на запишани студенти, не според бројот во распишаниот конкурс. Зошто е тоа така досега правено не е ни важно, сега тоа ќе го доведеме во ред. Зашто ако слободните места се 20 000, а се запишат само 10 000, тогаш процентот на одлив во однос на 10.000 е многу помал отколку кога би го сметале во однос на 20.000, рече Јаневска.
За да се задржат студентите, рече, се подготвува нов закон за високо образование, се предвидуваат нови, модерни студиски програми кои ќе ги заинтересираат студентите, се планира многу повеќе практична работа во јавните институции и во компаниите.
– Ги правиме сите напори, за десет месеци толку се може, тоа е реалноста. Следната година се надевам ќе биде многу подобро и дека тој одлив на наши мозоци кои одат во странство ќе го сведеме на минимум, истакна Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
„Или тие, или ние“ – Студентски протест…
Во Нови Пазар денеска се одржува голем…
Студентите во Србија најавуваат нови протести
Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…
Започна полагањето на државната матура – Јаневска…
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…