Јаневски му одговори на „огнениот“ Асани: Не за друго, да не му се случи нешто, оти знаеш: МАКЕДОНИЈА!

t

Бидејќи градоначалникот на Општина Чаир, Visar Ganiu не нарече вандали, и поставувањето на самолеплив постер со име кое симболизира соживот помеѓу Македонците и Албанците – „АСНОМ” го нарече вандализам, малку сум збунет што претставува за него вандализам со оглед на тоа што ретко сум видел градоначалникот да осудува вандализам, па одлучив јавно да му поставам неколку прашања.

Градоначалниче,
– Дали масакрот кај Карпалак претсавува за вас вандализам или не?
– Дали масакрот Вејце за вас претставува вандализам или не?
– Дали масакрот кај Љуботенските бачила за вас претставува вандализам или не?
– Дали рушењето на музејот на Црквата на Kале во 2011 за вас претставува вандализам?
– Дали пиштолот на Цуфи Кока на протестите против бугаризацијата за вас претставува вандализам или не?
– Дали палење на учебници по географија за вас претставува вандализам или не?
– Дали вадење на знамиња од други држави незаконски за вас претставува вандализам или не?
– Дали протестирањето за ослободување на затворениците од Диво Насеље за вас претставува вандлизам или не?
– Дали интонирање на туѓа химна во Собранието на Република Македонија за вас претставува вандализам или не?
– Дали вадењето на биста од Вељко Влаховиќ за вас претставува вандализам или не?
– Дали кршењето на сите бисти на партизаните од страна на ПЛАТЕНИ БУГАРОФИЛИ за вас претставува вандализам или не?

Или можеби сите овие примери се примери кои симболизираат она што наводно Паркот Украина велите дека го симболизира? Не знам, еве одговорете.

Аха, и ќе заборавев. Ако случајно налеташ на Jetmir Asani, претседателот на Совет во Општина Чаир, кажи му дека АСНОМ не е фашизам туку симбол на државноста и Македонија во која тој се образувал и живее. Не за друго, да не му се случи нешто, оти знаеш: МАКЕДОНИЈА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…