Јанев удри по семејството Тошковски? Без морал и срам – Краделе од оние што навистина имаат потреба

t

„Задача и должност ни е да ја вратиме довербата во институциите и честа на системот!“ – со овие зборови директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, го започна својот фејсбук статус по повод успешно реализираната акција против организирана мрежа што со години злоупотребувала државни ресурси.

Според Јанев, станува збор за лица од здравствениот сектор и други приватни дејности, кои низ долг период преку фалсификување дијагнози, документи и вештачења, овозможувале нелегално доделување на средства за туѓа нега и инвалидски пензии на лица кои не ги исполнувале условите.

„Овие поединци без морал и достоинство, без никаква емпатија кон оние што навистина се во потреба, го краделе трудот на чесните граѓани. Буџетските средства завршувале во рацете на оние кои не ги заслужуваат, додека мрежата се збогатувала,“ пишува Јанев.

Тој нагласува дека како прв човек на БЈБ, заедно со својот тим и сите чесни полициски службеници, продолжуваат со решителна борба против криминалот кој ја поткопува државата одвнатре.

„Криминалот не е исплатлив. Секој што ќе се огреши – ќе одговара пред правдата. Ќе продолжиме да ја чистиме државата од вакви штетни појави и ќе обезбедиме правична иднина за сите,“ истакнува Јанев.

Оваа акција е дел од поширока стратегија за пресметка со системска корупција и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Претходно Инфомакс објави дека Ташко Тошковски, таткото на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во 2013 година е осуден на осум месеци затвор или две години условна казна за измама од член 247 ст. 4 в.в. ст. 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Од пресудата на Основниот суд во Велес, се гледа дека таткото на Тошковски е осуден затоа што измамил осум луѓе, на кои им земал одредена сум на пари, сите над 3.000 евра, ветувајќи им дека за тие пари ќе им среди да земат инвалидска пензија. Откако не успеал, измамените го пријавиле, по што е осуден на две години условна казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…

ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…

Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…