Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не го одблокира Законот за бранителите, бидејќи побитна им е коалицијата со ВРЕДИ
Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев процедурално побара од потпретседателот Антонијо Милошоски да закаже седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади со точка на дневен ред Законот за бранителите.
-Согласно член 63 од Деловникот бараме од вас да закажете седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и да го одблокирате Законот за бранителите. Сфативме дека Африм Гаши од ВРЕДИ нема да го направи тоа. Но прашањето е зошто Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ не го прави тоа, а има право на тоа. Многу едноставно се откочува законската процедура за тој закон, само треба потпретседателот да закаже Комисија за социјална политика, демографија и млади со точка Закон за бранителите и да назначи претседавач од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На располагање ви се колешките Ласкоска, Лозановска, Ангелинка Петкова, Бисера Златеска или нивните заменици доколку оние не се во можност. Целосно зависи од ВМРО-ДПМНЕ одблокирањето на Законот за бранителите, ама вие тоа не го правите оти побитна ви е коалицијата со ВРЕДИ. Кога бевте опозиција доста бевте гласни за прашањето за бранителите. Во 2023 година поднесовте исто законско решение како она што е поднесено сега… , рече Јанчев.
Ако Милошоски не закаже седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Јанчев најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесат интерпелација против него за блокирање на Законот за бранителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…