Јасна е пораката на САД, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава, вели Лукаревска
Јасна е пораката на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
-Денеска прочитаваме една многу убава изјава од високиот претставник на САД, Ескобар, којшто напомена дека Соединетите Американски Држави не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски туку бараат да го поддржи евро-атланскиот пат на државата. Мислам дека тука е се јасно кажано, рече Лукаревска на прес-конференција.
Прашана за изградбата на коридорите и забелешките од опозицијата, таа кажа дека станува збор за клучен стратешки проект од национален интерес.
-Ова е клучен, стратешки инфраструктурен проект. Доколку се дозволеше да продолжат блокадите немаше да добиеме ништо, напротив. Придобивките се големи и ние многу пати сме зборувале за тоа, побрзо, поефикасно и поефтино да може да се заврши, рече Лукаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…