Ја продаде куќата- Бомба од АА: Ахмети тајно се среќавал со руски амбасадори?

t

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве призна дека имал средби не со еден, туку со неколку руски амбасадори во Скопје, како и со амбасадорот на Србија. Можеби ќе тврдите дека средбите со странски дипломати се нормални за претседателите на политичките партии, но во овој случај тоа се тајни средби, кои досега не биле објавени. Никогаш немало официјално соопштение од ДУИ за средби на раководството на оваа партија со руските амбасадори“, велат од опозициската Алијанса за Албанците.

„Јавно прашуваме зошто се одржувале тајните средби, што се разговарало на овие средби, кому му служеле и што произлегло од нив. Конкретно, го прашуваме господинот Ахмети дали овие средби ги одржал пред 27 април 2017 година и пред да му биде продадена парцелата во Тетово на рускиот олигарх Дака Давидовиќ?“, прашуваат од партијата.

„Една популарна поговорка вели: „Насмеаниот те смее“. Вака ги опишуваме досегашните обвинувања и клевети на ДУИ кон албанската опозиција. Сега имаме појасна претстава за тоа кој флертувал со руската агенда, тајно и зад грбот на граѓаните“, се вели во соопштението на опозициската Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…