Јовиќ му ја честиташе победата на Вардар
Еурофарм Пелистер трета година по ред не успеа да најде лек за Вардар 1961 во Купот на Македонија. Битолчани го загубија третото финале во низа од големиот ривал, но како утеха се очекува да биде домашната титула за која се потребни уште две победи.
Во име на Еурофарм Пелистер, по натпреварот импресиите ги сподели тренерот Александар Јовиќ. Тренерот на пелистерци им честита на ривалите за рекордната 16. титула во Купот и истакна дека Вардар имал доста подобра одбрана.
„Вардар заслужено победи и го освои Купот, можам само да честитам. Водеа од прва до последна минута, а ние бевме во негатива и не бемве на ниво на коешто требаше да бидеме. Игравме лошо во фазата на одбрана, немавме агресивност, додека Вардар во нивната одбрана беше доста агресивен и заслужено не надиграа во овој меч. Имаме уште два меча до крај, мора да победиме на двата до крај ако сакаме да сме шампиони“, изјави Александар Јовиќ.
До крајот на домашната сезона Еурофарм Пелистер го чекаат натпревари со Охрид на гостински терен и Тиквеш на домашен терен, а ако ги добие, ќе ја врати титулата во своите витрини за првпат по 2005 година.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…
ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…
Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…
Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…