Јонуз за Голема Албанија: Ќе има крв до колена меѓу Албанците

t

Во Македонија нема кoлумниста што секоја колумна може да ја напише а да биде ексклузивна и во неа да има содржина која е спектакуларна. За тоа не се потребни колумнисти. Самата стварност е спектакуларна. Од ова бетер не може да биде. Ако тоа веќе и врапците на гранка го знаат, тогаш нема потреба од многу да се мудрува. Сите мајки и сестри се испопцуени, целата кал што ја има на земја е фрлена по нечија личност, сите клевети и зборови на омраза се веќе во секојдневниот речник, колку јавно, толку и приватно. Се што може да се мрази е ставено на дневен ред, а се што може да се искомпромитира, е ставено на листа на чекање, пишува аналитичарот Агим Јонуз во колумна за Коха.

Во продолжение на колумната вели:

И така, кога ке видиш во каква стварност живееш, ти текнува на една стара народна поговорка која вели дека оној што самиот себе си не се сака, не може никого да сака. Па ти па абдал, сакаш да ја сака државата. Која црна држава бе! Ја нема! Таа оваква каква што е, е ‘‘ само на папиру‘‘.

Државата јас едно време ја нарекував ‘‘акционерско друштво на етноцентристички партии‘‘, ама таа веќе не е ни тоа. Ова е политичка банда која државата ја користи како маалските фраери во маалска обложувалница во која се игра на ‘‘ што ле ќе бара некој сега од нас‘‘!? Имаш ‘‘фикс‘‘ само една, а тоа е дека Европа поради сопствениот мир и геополитиката ке не влече како мало дете за рака и ке ни вика во меѓувреме ‘‘ дете ќути да не ти ја опнам една‘‘!

Нејсе, она што е евидентно е дека ниту предвремени избори ниту некаков референдум се спас за државата. А политичка воља има колку сакаш, но таа се сведува само на една единствена цел. Таа цел се вика политички опстанок. За сега најмногу им гори газот на СДСМ и ВМРО, додека ДУИ помалку или повеќе си има стандардни позиции, да простите и понатаму да може да си ебава кого сака и како сака. Засега барем, додека во оваа консталација им е потребен на американците. Друга вистина нема, зошто, ако збориме реално, ако на американците еден ден им затреба друга консталација на односи, безмилосно ке ги премести во ‘‘втора лига‘‘! Секоја приказна дека било која политичка партија има некаков рејтинг затоа што нешто вреди се приказни за мали деца. Разберете и прифатете дека друг одлучува за се. Дури, ако бидеме објективни, на меѓународната заедница и одговара оваква ситуација каква што е во државава, затоа што само така може да си комбинираат и манипулираат како сакаат. На крајот на краиштата, токму таа ( читај Кале) е креатор на ситуацијата. Ние сме само бели мајмуни кои во неспособност и не знаење да правиме држава, живееме некаков живот колку да се рече дека сме некоја таму ‘‘ Северна Македонија‘‘ која гордо чекори на патот на светлата Европска иднина , која пропаѓа како Титаник во филмот со Леонардо Ди Каприо. Македонија е токму како во тој филм, во кој на крајот двајцата главни актери се држат сред океанот за една даска ( читај Европа).

Ако некој праша дали сме во филмот ‘‘Леонардо‘‘, или ‘‘ебаната странка‘‘, имате право од три пати да погодите. За оние што не можат да погодат или не го гледале филмот, само ке кажам дека како и да гледате, ние не сме ебана, туку ‘‘Камасутра‘‘ странката. И така, за да не должиме многу со кинематографија на политичко ниво, ајде да видиме каква е ситуацијата во јавниот дискурс и дали има шансни нешто да се поправи. ( одма ќе кажам нема, хахаха). Ама нејсе.

Депресијата која владее на теренот е страшен отров за кој сеуште се бара лек. Народот е веќе непотребна тема за дискусија, затоа што се покажало до сега дека нема дно до кое можеш да го тераш без да се буни, па анализирај до задутре од кој аспект сакаш. Како најобична џукела од улица ќе залае два пати ‘‘ ав,.. ав,..‘‘ и толку. Остај ти тоа што политичките партии манипулираат со феноменот ‘‘ се случува народ на улица‘‘ и се собираат ајвани со бајраци во раце. Бајракот ниту се јаде, ниту решава проблеми, ниту пак може да ти го направи животот по поднослив за живеење. Тој е само фолклор, само идентификација со она што го носиш во срцето. Арно ама во срцето! А во желудникот во сите комбинации имаш најобична празнина. Имаш камен кој ти тежи во желудецот затоа што не можеш да се осхраниш, а за подобар живот или квалитет на животот на децата не можеш ни да помислиш. Тоа е заеднички именител за сите нив со сите бајраци, и за турско и за каурско. Желудникот и егзистенцијата немаат ни вера, ни нација, ни име и презиме. Арно ама, политиката има и име и презиме, олицетворено во некакви кратенки од ‘‘демократски, прогресивен, интеграциски, социјален или народен‘‘ најобичен булшит!

А, тие се само декор кој пополнува политичка сцена. Зошто, да не беа декор наместо да бидат политичари како што треба, се ке беше поинаку. А народот кога ке го наречеш ‘‘ стоко‘‘, одма рипаат милион и еден душебрижнок да реагираат како тоа можеш народот да го наречеш ‘‘стока‘‘!

Ок, ајде да видиме од каде доаѓа зборот ‘‘оо стоко‘‘! И јас сум народ. И јас сум стока ако се земе дека тоа е обраќање до широка народна маса на која и припаѓаш. Така да, нема ни љутење, а ни вреѓање. Тоа е само предупредување дека самиот си виновен за се, ако се земе предвид дека државата е огледало на народот. Една држава не се прави самата по себе си. Нејзе ја прави, организира, движи и формулира народот со своето демократско право да изгласа власт, поточно да избере претставници која на повисоко организирано политичко ниво ја сервисира граѓанската воља во парламентот и институциите. Ако во таква една консталација имаш држава која е нефункционална, која е дезорганизирана, корумпирана, криминогена, пропадната по ќошиња, ако е наречена на улица ‘‘ ташак со грашак‘‘, тогаш консеквентно ако е државата огледало на народот, имаме народ – ‘‘ ташак со грашак‘‘! Значи, се извинувам, не е стока.

Што не очекува оваа есен? Оваа есен не очекува невиден циркус на неколку фронта. Власта ако успее да ја амортизира ситуацијата за да не полуди народот треба да добие нобелова награда. Опозицијата има невидено поле за напад со сите можни оружја како на надворешно политичко, така и на внатрешно политичко. Како и да се земе, целиот терет на одговорноста паѓа врз грбот на ионака искритикуваната власт дека лошо ја води државата. Дали таа ќе издржи? Да се надеваме ќе рече некој, зошто ако земеме во предвид дека некаква евентуална промена на власта нема да донесе никакви решенија, секоја турболенција во процес на смена на влата ке нанесе само уште поголема штета. Никој не бара и нема право да бара да цветаат рози во една држава ако гледаме дека третата светска војна чука секој момент на врата. Не е во тоа прашањето. Кризи имало и ке има, но поставеноста во државата е таква да создава апсолутна недоверба дека било што може да мрдне од мртва точка. Единствено ме плаши да не се употребува онаа проверена формула на заострување на меѓу етничките односи за да се контролира теренот подобро во страв од конфликти. Сметам дека тоа ке го дотепа народот. А, за тоа во моментов имаме идеална подлога. Од една страна имаш незадоволен народ, очаен, гладен, не перспективен, од друга страна имаш политичари кои се неспособни, а кои имаат фантастична подлога народот да го измешаат како шпил од карти во кои нема да се знае ни кој пие ни кој плаќа.

Една работа е сигурна, како и да е ќе се игра играта на ‘‘ Џандар збира‘‘. Џандарот во сите комбинации ке биде власта, затоа што таа го држи пендрекот во раце. Кога сме кај евентуалното заострување на реториката кај меѓу етничките односи, лично сметам дека тоа ке бидат зборови кои треба да плашат врапци. Не остана во Македонија елемент за кој албанците можат да се фатат и да има посериозни консеквенци. Рамковниот договор функционира, албанците се влезени во највисоките структури на државата, се е на некој начин помалку или повеќе задоволено. Она што може сериозно да дигне прашина е ситуацијата на Косово, затоа што македонците се традиционално блиски со србите, а огромен дел од ‘‘македонските‘‘албанци се со косовски корења и потекло. Папочната поврзаност на овие два елемента може да создаде тензија на тлото на Македонија. Не поради друго, туку од карактер на ‘‘ние навиваме за своите, а вие за вашите‘‘! Тоа би била идеална подлога за затегнување на реториката, за улични ситни инциденти во кои едни ке викаат ‘‘Србијаааа‘‘, а други ке се повикуваат на сеопштото албанско прашање и заедништво, солидарност и да бидеме реални се уште не прежален проект ‘‘албанија е до таму каде што има Албанци‘‘! На локално македонско ниво нема ниту причина а богами ниту воља за некакви конфликти. Тоа може едино да го иницираат криминогени елементи кои својата заштита на ‘‘ невиност‘‘ би на канализирале на ниво на ‘‘ ете, пак некој има против нас албанците нешто‘‘! Не, јас би додал има против криминалците, против квази политичарите и мафиозите кои стопроцентно ги држат во скут сите центри на моќ. Треба ли да ве потсетувам дека сето тоа е ‘‘во име на народот‘‘. Ма, јебо те народ!

Што се однесува до албанското прашање, тука постои еден многу интересен елемент за дискусија. Хипотетички ако земеме дека еден ден би се споиле Албанија, Косово и Западна Македонија, повторувам, хипотетички зборувам, тогаш допрва ке претстои крв до колена, меѓутоа внатре албански. Претпоставката е следна. Зад трите елемента стојат високи криминални кругови кои ја контролираат ситуацијата на терен. Во албанскиот ген е да се знае кој е газда. Можете да замислите кога албанската, косовската и македонската мафија ке објави војна еден на друг. Секако, зборуваме на криминално ниво. А, еден мора да е ‘‘главен фраер‘‘! А, на политичко ниво? Е, тек тука ке има циркуси. Зошто!? Па, за албанците важи онаа иста поговорка која важи и за србите а вели, ‘‘ кад Србин нема са ким да се бије, онда се бије сам са собом‘‘! Исто е и со Албанците. Шутиот му се смее на рогатиот.

Македонија нема зошто да се плаши од заострување на меѓуетничките односи. Нема потреба, никому не е до ‘‘тепање‘‘. На реторичко ниво да! Тоа постоело и ке постои, ама само за политички потреби. За потребите на истите оние кои на таа сметка станаа тоа што се денес. А, народот бил и останал овца. Страшно е што народот е гладен, а гладниот можеш да го нас‘скаш на се. Имаме народ ( не реков стока) со кој можеш да манипулираш колку сакаш и како сакаш! Македонија е идеално поле за вежбање политика, шишање овци и дупење бели мајмуни кои не знаат од носот понатаму, ама се обожаваат себе си кога се гледаат во огледало. Тие и не донесоа до ова ниво!

ООО ЏЕМААТ! Респект до верници и постари луѓе ‘‘аџии‘‘. ХАЈТ СИКАНАНИ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

60-годишник го фотографирал гласачкото ливче, полицијата го…

Полицијата вчера уапси 60-годишен гостиварец. - На…

Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите…

Во Брисел денеска почна трилатерална средба на…

2-ГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ – Тешка сообраќајка…

На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина…

Обид за напад на Белорусија

Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни…

Уапсени група крадци на ретки книги

Крадците кои краделе ретки први изданија на…