Јужна Кореја, САД и Јапонија: Она што го направи Северна Кореја е сериозна провокација
Неодамнешното севернокорејско ракетно тестирање е сериозна провокација, рекоа високи претставници од Јужна Кореја, САД и Јапонија, повикувајќи го Пјонгјанг да се врати на дијалогот и да ја прифати понудената помош во борбата против Ковид-19, пишуваат светските агенции.
Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун-донг, заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман и јапонскиот заменик-министер за надворешни работи, Такео Мори, ова го кажаа на состанокот во Сеул, три дена по најновиот ракетен тест извршен од Северна Кореја.
На трилатералниот состанок на дипломатите од второ ниво, прв од ваков вид од ноември, беше истакнато дека интензивирањето на тестирањето на оружјето што го спроведува Северна Кореја е сериозен проблем што треба итно да се реши.
Официјални лица на САД и Јужна Кореја изјавија дека Северна Кореја е подготвена за првата нуклеарна проба од 2017 година, за која Шерман рече дека ќе предизвика силен и јасен одговор, пренесуваат агенциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…