Јунак: Професор по географија ги евакуирал ранетите ученици по нападот во Белград
Според сведочењето на професорите од основното училиште „Владислав Рибникар“, еден од јунаците што практично ги извадил ранетите деца бил наставникот по географија, Зоран Нишевиќ.
Како што велат колегите на Нишевиќ за српска „Република“, тој брзо реагирал по масакрот за да ги спаси животите на повредените деца.
„Ги изнесуваше повредените деца и го евакуираше цело училиште“ рекоа професорите за „Република“.
Коста, напаѓачот и убиец, бил пронајден и уапсен во дворот на тоа белградско училиште.
Осум деца и еден чувар се убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.
Шест ученици и еден наставник се повредени, а напаѓачот е уапсен.
Тројца од четворицата ранети во Ургентниот центар во Белград се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив.
Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјави директорот на универзитетскиот Клинички центар – Србија, професор д-р. Милика Ашанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград ќе биде домаќин на финалето на…
Белград ќе биде домаќин на финалето на…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…