Љубчо Георгиевски: На некој не му одговараше хармоничниот однос помеѓу македонците и албанците од 1998 до 2001
Лидерот на ВМРО и поранешен премиер на Република Македонија Љубчо Георгиевски во интервју за Лајм прес даде осврт за односите помеѓу македонскиот и албанскиот народ во периодот на владеењето од 1998 до 2002.
– Почнувајќи од процесот на преговори за тогашната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА со Арбен Џафери па се до нарушувањето на хармонијата помеѓу македонците и албанците. Како и да ги вртиме денеска работите, меѓучовечките односи помеѓу македонците и албанците во моментов се повторно вратени на едно високо ниво и треба да се обидеме да ги задржиме така. Во времето на ДУИ, се демонстрираше мала ароганција кон македонскиот народ кои реално иритираше голем дел од македонците и најверојатно тоа е дел од победата на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ВМРО-ДПМНЕ пак демнонстрира сила кон албанците но тоа е веќе толку надминато и непотребно и се плашам дека со овој однос ќе се предизвика дури и обратна ситуација, не толку во некакви радикални работи туку во политички и партиски резултати, нарушување на една 80% хармонизација на односите помеѓу албанците и македонците. Треба сите да се трудиме да го одржиме тоа ниво бидејќи се е надминато, се е поминато и мислам дека треба да се прекине со таа реторика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кадиров повторно се заканува со освојување на…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…
(Видео) Од 2030-та од Богородица до Солун…
На патниот правец од граничниот премин Евзони…
Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…
Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…
(Видео) Поради потенцијални напади од други држави…
Националната канцеларија за ревизија откри дека владата…
Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал…
Бубрег од свиња пресаден кај пациент од…