Љупчо Николовски се сретна со оризопроизводители од Кочани, на средбата не присуствуваше градоначалникот Папазов

t

Министерот Николовски денес се сретна со оризопроизводители од Кочани.
На средбата не беше присутен градоначалникот на Кочани.

“Денеска министерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со оризопроизводителите.

На средбата се разговараше за состојбата со производството на ориз, откупот како и предлозите за поддршка на производството на ориз. Министерот Николовски посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите.

„Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре.

Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот“, рече министерот Николовски.

При тоа министерот посочи дека во периодот од 2017 до 2019 се зголемија субвенциите за оваа култура, се воведуваа дополнителни мерки за предадена оризова арпа во периоди кога имаше проблеми со откупната цена за што по тој основ се исплатени близу 8 милиони евра. За прв пат се воведе мерката за зелена нафта за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта, што за последните три години за 6.825 земјоделци корисници на мерката зелена нафта само во Кочани се исплатени околу 300 илјади евра.” – стои во соопштението на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во кочанско, пронајдена дрога

На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани…

Продолжува скандалот во ДПМНЕ Кочани: Откако јавно…

Познатата долгогодишна партиска активистка Славица Ангелова добила…

(Документи) Кривични пријави за потпретседателот на ДПМНЕ…

Загрижени граѓани од Кочани, по недобивањето одговор…

Министерот Николовски изврши увид во градежните активности…

Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно…

Тинејџер од Кочани со пиштол влегол во…

На 17.02.2024 во 03:10 часот во Кочани,…