Објавено на:

Њујорк Тајмс ја открива позадината на операцијата на Мосад со пејџерите во Либан

t

Американскиот весник Њујорк Тајмс ја разотри позадината на една од најуспешните операции на израелската тајна служба Мосад во својата историја против Хезболах, кога предизвика експлозии на илјадници пејџери кои ги користеше оваа либанска група.

При продажната презентација за Хезболах пред две години, новата линија на пејџери на Аполо изгледаше совршено прилагодена на потребите на групата со широка мрежа на параноични борци, наведува весникот.

Пејџерот AR924 беше нешто погломазен, но робустен, дизајниран да ги издржи условите на бојното поле. Тој можеше да се пофали со водоотпорен тајвански дизајн и голема батерија која можеше да работи со месеци без полнење.

Што е најважно, немало опасност израелското разузнавање да може да ги следи овие уреди. Водачите на Хезболах беа толку импресионирани што купија 5.000 примероци и почнаа да ги дистрибуираат до борците од средно ниво и персоналот за поддршка во февруари. Никој од корисниците не се посомневал дека носат вешто изработена израелска бомба. Дури и откако илјадници уреди експлодираа во Либан и Сирија, малкумина ја сфатија нивната најзлобна карактеристика: процес на дешифрирање во две фази што гарантираше дека повеќето корисници го држат пејџерот со двете раце кога тој експлодира.

Според израелските, американските и блискоисточните претставници, Мосад од далечина ги активирал овие уреди на 17 септември, убивајќи или ранувајќи до 3.000 офицери и членови на Хезболах, главно во заднински улоги, заедно со непознат број цивили.

Овој чин на шпионажа е една од најуспешните и најгенијалните разузнавачки операции во поновата историја. Но, клучните детали за операцијата, вклучително и нејзиното планирање и извршување, како и контроверзноста што ја предизвика во безбедносната заедница на Израел и меѓу сојузниците, дури сега излегуваат на виделина Оваа приказна, вклучително и бројни нови детали за операцијата, е составена од интервјуа со Израелци , арапски и американски безбедносни службеници, политичари и дипломати кои биле запознаени со настаните, како и либански официјални лица и лица блиски до Хезболах. Сите зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на информациите.

Тие за Њујорк Тајмс го опишаа долгорочниот план кој потекнува од централата на Мосад во Тел Авив и вклучува оперативци и несвесни помагачи во повеќе земји.

Според извештајот на Вашингтон пост, нападот не само што го опустоши раководството на Хезболах, туку и го охрабри Израел да го таргетира и убие неговиот врвен лидер Хасан Насрала, зголемувајќи го ризикот од поширока војна на Блискиот Исток.

Иранскиот напад со 180 проектили ги убеди израелските политички лидери дека Хезболах може да биде турнат на работ, подложен на систематско уништување со воздушни напади, а подоцна можеби и на копнена инвазија. Додека многумина се восхитуваа на успехот на заговорот, некои официјални лица и понатаму се загрижени за пошироките последици од нападот во конфликтот што продолжува да се проширува.

Идејата за операцијата пејџер беше замислена во 2022 година, според израелски, блискоисточни и американски официјални лица запознаени со настаните. Делови од планот почнале да се наѕираат повеќе од една година пред нападот на Хамас на 7 октомври, кој го втурна регионот во војна. Тоа беше време на релативен мир на израелската северна граница со Либан, разурнат од војна.

Од неколкуте милициски групи поддржани од Иран кои поседуваат оружје насочено кон Израел, Хезболах е убедливо најсилен.

Израелските власти со зголемена загриженост гледаа како либанската група обезбедува ново оружје во веќе моќниот арсенал способен да ги нападне израелските градови со десетици илјади прецизно наведувани ракети.

Мосад, израелската разузнавачка агенција одговорна за спротивставување на надворешните закани за еврејската држава, работеше со години на инфилтрирање во групата преку електронски надзор и човечки доушници. Со текот на времето, лидерите на Хезболах научија да се грижат за ранливоста на нивната група од израелски надзор и хакирање, плашејќи се дека дури и обичните мобилни телефони би можеле да се претворат во израелски уреди за прислушување и следење, велат официјални лица. Хезболах беше во потрага по електронски мрежи отпорни на хакирање за да испраќа пораки, а Мосад смисли две измами за да ја наведе милицијата да купи уреди што изгледаа совршени за оваа работа – опрема дизајнирана и составена во Израел од Мосад.

Мосад почна да вметнува темпирани експлозивни радио станици во Либан пред речиси десет години, во 2015 година. Мобилните двонасочни радија содржеле преголеми батерии, скриена експлозивна направа и систем за пренос што му овозможи на Израел целосен пристап до комуникациите на Хезболах. Со години, израелските власти се задоволни со прислушкувањето на Хезболах, рекоа официјалните лица, додека ја задржаа способноста да ги претворат радијата во бомби во идна криза. Но, тогаш се појави нова можност – мал пејџер опремен со моќен експлозив. Бидејќи лидерите на Хезболах беа претпазливи за можна саботажа, пејџерите не можеа да ги добијат од Израел, САД или кој било друг израелски сојузник. Во 2023 година, групата почна да добива понуди да го купи тајванскиот бренд Apollo пејџер, глобално призната трговска марка без врски со израелски или еврејски интереси. Тајванската компанија не знаела за планот, соопштија официјални лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување

По тешките повреди што ги доби во…

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…