Ќе влезат поради стратешки приоритети: Знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ, отворање преговори со Киев и Кишињев е историска одлука, вели Гир
Одлуката на Европската Комисија да препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Украина и Молдавија се темели на објективна оценка за исполнување на поставените услови и претставува историска одлука. Но ние исто така знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ и затоа на маса е Планот за раст, значаен чекор да се осигура дека преку економска и социјална конвергентност ќе ги уживате поволностите од членството пред да станете членки, вели евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање во врска со големото разочарувањето во државите од регионот поради забрзаната одлука на Украина да и се додели кандидатски статус во време на војна.
-Прво би ве поканил да го прочитате Извештајот за Украина и она што ќе го видите таму е дека Комисијата на објективен начин ги гледа различните услови коишто беа поставени за реформи и го покажува начинот на којшто Украина, односно Молдавија ги исполнија тие услови во многу тешки околности. Комисијата спроведе сметам објективна процена и врз основа на тоа донесе препорака Украина и Молдавија да се движат напред. Тоа е дел од процесот на заслуги. Сега треба да се фокусираме тука прво важната работа е да се случат реформите . Не скакам да видам дека нема напредок во извештаиве, туку сакам да видам дека има добар напредок и овој Извештај проценува што направила земјата во текот на изминатата година во поглед на реформите. Секако имате историја на реформи коишто може да ги надградувате и коишто ќе се унапредат. Вие сте многу понапред од Украина тие штотуку почнуват. Но ова се посебни објективни извештаи коишто ги гледаат реформите. Истовремено ЕК рече во ред, ова е историска одлука за Украина и Молдавија. Но, ние исто така знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан, во ЕУ. И што направивме го ставивме на маса овој План за раст којшто е голем, значаен чекор да се осигураме дека преку економска и социјална конвергентност ќе ги уживате поволностите од членството пред да станете членки. Но останатото е ваша работа, ваша одлука, тоа е нешто што вие треба да го направите. Ако ги донесете тие одлуки работејќи заедно, тогаш ќе се приклучите на ЕУ, вели Гир на заедничката прес – конференција со вицепремиеорт за европски прашања Бојан Маричиќ по повод објавениот Извештај на ЕК за земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…