Објавено на:

Ќе ги убијам сите! Коста најавил дека ќе направи масакар, но никој не му верувал!

t

Коста Кецмановиќ (13), момчето-убиец што го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ, како што дознава порталот Република.рс од извор близок до истрагата, испратил порака во разговорот за време на игра.

Коста на негов пријател му рекол: „Ќе ги убијам сите!“.

Според неофицијалните информации на порталот Republika.rs добиени од извор, Коста бил активен на таканаречените виртуелни простории за разговор додека играл компјутерска игра, каде покрај игрите и стратегиите зборувал за себе и за своите намери.

-Во една порака само неколку дена пред масакрот во „Рибникар“ момчето зборувало за своите школски другари и напишало „Сите ќе ги убијам“ – неофицијално изјавил извор близок до истрагата.

Како што неофицијално дознаваат, истражителите го испрашувале Коста на оваа тема, но не добиле одговор, па во тек е детално испитување на неговиот компјутер, а истрагата е насочена и кон „чешлање“ на сите приватни и јавни муабети во кои бил активен Коста Кецмановиќ со цел да се утврди дали момчето ги открило своите намери за делото и колку детално.

Според неофицијални информации, момчето-убиец активно зборувало за пукање и вежбало пукање на чатови. Наводно, зборувал и за оружје и го знаел точното име на голем број модели на огнено оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…

Утрово во центарот на Белград е убиен…

Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби…

Во белградската населба Дорќол утрово се случи…

Фрлени пиротехнички средства врз луѓето собрани на…

Во текот на комеморацијата за жртвите од…