Ќе добие ли Груби уште една функција од Ахмети? Незадоволните ветуваат нова фракција ако тој не падне
Во седиштето на Демократска унија за интеција денеска од 14:30 часот започнува состанокот на новото раководство, на кој отчет за работата пред лидерот Али Ахмети ќе даваат партиските функционери на централно и локално ниво. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат изјави дека покрај министрите, отчет пред претседателството на Генералниот совет ќе дадат и други функционери, меѓу кои и градоначалниците.
Одговорност ќе има, не само за министрите, туку и за сите избрани функционери како министри, заменици-министри, директори, градоначалници. Презедовме обврска да му служиме на народот во име на партијата и таму ќе дадеме отчет кој што направил. Ова е дел од нормалната евалуација, рече Османи.
Извори од ДУИ на „Алсат“ велат дека се очекува маратонска средба, бидејќи според нив, чекор по чекор ќе се испитува и анализира работата на секој функционер, почнувајќи од првиот вицепремиер Артан Груби, па сите останати.
ТВ21, пак, дознава дека, иако Ахмети засега нема да прави промени во владиниот кабинет, Артан Груби ќе биде предложен за шеф на кабинет на лидерот, иако незадоволните ќе инсистираат на разрешување на првиот вицепремиер.
Незадоволните сопартијци и првирзаници на Изет Меџити, кои со месеци наназад јавно го искажуваат незадоволството на дел од функционерите, посебно на првиот вицепремиер, ветуваат дека ако тој не е сменет отворена е опцијата за фракција во партијата.
– Ако има само формална дебата и формално функционирање на органите на ДУИ, подобро да ги нема, велат тие за „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…