Објавено на:

Ќе дозволи ли Фејсбук педофилите да повикуваат на силување на руските деца? Да имаше Хитлер профил ќе го користеше на ист начин?

t

Ако е дозволено јавно да се повикува на насилство врз Русите, дали е дозволено да се повикува на силување или тортура. Дали сите педофили во светот можат слободно да сонуваат да ги мачат руските деца и уште колку време ќе помине пред тие да бидат охрабрени да преминат од зборови на дела.


Вака Александар Вулин, министерот за внатрешни работи на Србија, за Спутник ја коментира одлуката на компанијата Мета да им дозволи на корисниците во некои земји да повикуваат на насилство врз Русите и руските војници со корекција на политиката за говор на омраза.


Според Ројтерс, по проверка на одредени интерни мејлови на платформата „Мета“, оваа компанија ќе дозволи и некои коментари за повикување на смртта на Владимир Путин или Александар Лукашенко, во земји како Русија, Украина и Полска.
Вулин вели дека не се сомнева оти Хитлер, доколку го имал, на ист начин би го користел Фејсбук.


„Денеска ги фалат барањата за смртта на Путин, а утре ќе бараат смрт на секое руско дете. Омразата што се излева кон Русите нема никаква врска со конфликтите во Украина. Денес говорат вековната омраза кон Русите, но и Словените. Нацизмот ни се враќа под други имиња, но со иста омраза и неизбежно исти последици“.

Историјата се повторува, заклучува Вулин, за срам на човештвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…