„Ќе има леб“: Инспекторите вчеравечер на терен во пекарите, директорот на ДПИ порача дека рафтовите ќе бидат полни
Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство, вели директорот Трајковски.
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчеравечер излегоа на терен да проверат дали се почитува одлуката за замрзната цена на лебот.
Директорот на ДПИ, Горан Трајковски, порача дека лебот ќе има бидејќи е недозволиво ваков основен продукт да не е достапен. На производителите, пак, никој нема да биде поштетен доколку не се почитува одлуката, како и оти економската криза не е за злоупотреба и профитерство, вели тој.
„Недозволиво е основен продукт да не им биде достапен на граѓаните! Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен. И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“, порача вечерва Трајковски.
Владата претходно донесе одлука со која ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб, сечен на парчиња или цел, на 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со тежина под 450 грама се утврди максимална цена до 33 денари по леб во зависност од тежината. Меѓутоа, дел од производителите се налутија и решија да не произведуваат леб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…