Објавено на:

Ќе остане ли Европа без гас? – Залихите на рекордно ниско ниво

t

Помалку од четвртина од складираниот гас во летото 2021 година остана во европските подземни складишта за гас, соопшти компанијата „Гаспром“.

„Количината на активен гас во европските подземни складишта на 25 јануари е за 26,9 отсто помала од минатогодишното ниво.

„Над три четвртини од гасот што се испумпува во летната сезона е веќе повлечен“, наведува Гаспром, повикувајќи се на податоците на здружението „Гасната инфраструктура на Европа“.

Како што беше прецизирано, вкупните резерви на гас во подземните складишта во Европа паднаа на 40,9 отсто, а во земјите како Германија и Франција тој показател е околу 39 отсто.

Од 11 јануари, нивото на залихи во европските складишта за гас падна на повеќегодишното најниско ниво.

Слична е ситуацијата и во подземните складишта за гас во Украина, каде резервите на 25 јануари беа за 45,4 отсто помали од лани.

Цените на гасот во Европа уриваат рекорди. Ненадејниот скок на цените започна кон средината на минатата година, а во декември достигнаа максимум – над 2.100 долари за илјада кубни метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ренџерс ќе мора да плати над 9…

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе биде еден…

Се огласи ќерката на Џаро

,,Чао Благојче мој, знам дека и горе…

Фокс Њуз за првиот круг од претседателските…

Македонија ќе оди во вториот круг од…

Грчки воен брод пресретна дронови на Хутите…

Грчки воен брод во служба на поморската…

Татково на Вања излегува од затворот во…

Врховниот суд ја уважи жалбата за притворот…