„Ќе побара ли Мицкоски одговорност од кого било или ќе мјаука и понатаму“, прашуваат од СДСМ
„Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола од страна на полицијата и потврди дека одговорноста за тоа е кај Тошковски, кој е на чело на МВР“, соопшти СДСМ.
„Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше одговорноста кај Тошковски.
Потонати се сите обиди одговорноста да се префрли на некој раководител на смена.
Рибата смрди од главата а глава на МВР е Панче Тошковски и тој мора да понесе одогорност.
Ајде да видиме дали ќе охрабри сега Мицкоски да побара оставка од Тошковски?
Ќе побара ли одговорност од Тошковски, ќе побара ли од било кого одоговрност за бројните скандали или ќе мјаука и понатаму во нивна заштита“, прашуваат од СДСМ преку писмено соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново намалување на цените на горивата од…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Мицкоски од Брисел: Македонија мора да има…
Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи…
Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…
Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…
Митева со осуда кон насилството врз младата…
Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на…