Ќе пукнат од љубомора: Рускиот успех во Казахстан предизвикува гнев кај Западот
Успехот на Русија во рамките на мисијата на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Казахстан предизвика љубомора и гнев кај западните земји, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Погледнете ја ситуацијата во Казахстан што можеше да се случи според секое сценарио. Тоа не е само земја која се најде во неволја, таа е земја со која Русија има најдолга граница, заеднички семејства, бизнис, имаме заедничка историја, тоа е огромен број предизвици во регионот.
Во рамките на ОДКС и, се разбира, на национално ниво, Русија покажа не само одговорен пристап, не само како вистински пријател и партнер, туку и професионалец со големо срце. Тоа навистина предизвика голем гнев кај Западот“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 24“.
Таа, исто така, привлече внимание на фактот дека помина само половина година помеѓу „падот на Западот во Авганистан“ и мисијата на ОДКБ.
„Кај нив таа рана се уште не е зарасната, а има уште една успешна, прецизна мировна операција, која како што почна јасно и организирано, заврши во предвидениот рок, прецизно и најважно транспарентно“, заклучи Захарова.
Да потсетиме, поради масовните протести во Казахстан, претседателот на таа земја, Касим Јомарт Токаев побара помош од ОКСО „за надминување на терористичката закана“. Мисијата на ОДКБ беше успешно завршена на 13 јануари, а последните членови на мировниот контингент се повлекоа на 19 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…