Ќе се борам за Косово и Метохија и нашата Србија, тврди Вучиќ

t

Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се избориме за подобра иднина на нашата земја, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Почитувани граѓани на Србија, пред два дена ја кажав вистината за сите проблеми со кои се соочуваме во однос на Косово и Метохија. Ништо не криев од вас. Ви кажав и како и колку се боревме и како имаме намера да се бориме во иднина за нашата земја“, рече Вучиќ.

Претседателот истакна дека им понудил на сите политички актери во нашата земја да ги запознаат со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија.

„Тие рекоа дека не сакаат да разговараат, или барем добар дел од нив, туку сакаат јавна демонстрација, шоу за нивното политичко дејствување. Жал ми е што не разбраа дека земјата е поважна од политички интереси на која било партија и кој било од нас.Како и да е, моја обврска е да го почитувам парламентот и да ги исполнам сите барања.Ќе се појавам во Народното собрание, ќе одговорам на сите прашања и ќе се борам за Косово и Метохија и нашата Србија.Само заедно и обединети можеме ли да се избориме за подобра иднина на нашата земја“, порача Вучиќ на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…