Ќе се воведуваат ли униформи и посебен протокол за телефони за време на настава? Владата со низа препораки за превенција на врсничко насилство

t

Владата денеска донесе сет препораки за работа и однесување во училиштата со цел спречување и превенирање на врсничкото насилство. Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири појасни дека станува збор за десет владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации со добиени сугестии до академската фела и експертската јавност и истакна оти верува во ефикасноста на препораките.

– Им препорачуваме на сите локални самоуправи во соработка со меѓуопштинските центри за социјални работи да формираат стручни тимови во рамки на општините во чиј фокус ќе бидат работа, разговори поединечно со секое дете во секое училиште

– Му се укажува на Државниот совет за превенција на детско престапништво да достави информација за работа и колку општински совети за превенција се опфатени, а во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН во насока на преземање активности за градење доверба и добросостојба во училиштата односно да се засилат превентивните мерки. Во активностите на општинските совети за превенција да се предвиди вклучување на Сојузот на средношколци.

– Им се укажува на сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители, старатели на тема подобрување на процесите на безбедност и организација и состојбата во училишните објекти и околината. На состаноците потребно е да се отворат теми и дискусии дали е потребно да се воведат униформи како кодекс на облекување на учениците. Родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците, како и да се размисли за надополнување на постоечкиот кодекс со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби. Исто така, на овие состаноци треба да се потсетат родителите на законските обврски кои произлегуваат од Законот за семејство и Кривичниот законик во делот на одговрноста при извршување на родителското право. Училиштата потребно е да го известат МОН за присутноста на родителите на овие состаноци.

– Во кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби да одговараат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат смирување на несигурноста и задржувањето на чувството на безбедност во училиштата

– Секое училиште треба да направи протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часови и во просториите на училиштата. Укинување на употреба на мобилните за време на часови ќе поттикне повеќе дискусија, размена на идеи и слично.

– МОН и БРО ќе подготват листа на ресурси кои ќе се дискутираат на одделенскиот калсен час помежу учениците и наставниците, а ќе служат за унапредување на добросостојбата на учениците како на пример: прирачници за животни вештини, програма за психосоцијална помош и поддршка на унапредување на добросостојба и ментално здравје бна децата и младите во образовнието и здравствените згрижувачки институции, средни и други

– Им се препорачува на општините и на Град Скопје во новата годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискримнинација, соработка со родители и старатели. Потребни се и активности за развивање на емоционални вештини компетенции за намалување од ризикот од психолошки нарушување, појава на анксиозност и депресија, а посебен фокус да има на учениците кои се под зголемен ризик.

– Им се укажува и препорачува на директорите на училиштата да обезбедат континуирано и непречени услови за стручните служби да функционираат на училишната клима, грижата за ментално здравје и добросостојба на учениците

– Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за соработници со цел да бидат отворени за учениците и доколку имаат потреба да закажат термин тет-а-тет со својот училишен психолог.

– МОН заедно со стручните соработници од основни и средни училишта претставници од сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието, Државниот прсветен инспекторат ќе формира раотбна група која ќе треба да креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијална поддршка и ментално здравје на учениците.

Како што истакна Шаќири ввие мерки почнуваат да важат веднаш, а МОН ќе ги достави до сите општини и училишта.

Додаде дека препораките не се фиксирани еднаш засекогаш, дека може да се менуваат со нови сугестии и предлози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Исплатени се студентските стипендии заклучно со месец…

Министерството за образование и наука изврши исплата…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Канал 5: Сопругата на Таравари се вработила…

Сопругата на претседателскиот кандидат на албанската опозиција…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…