Ќе се работи на трајно решение за Дрисла и Вардариште, ама после изборите рече Ангелов

t

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ќе побара од релевантните институции да спроведат дополнителни анализи на составот на отпадните води кои се генерираат на депонијата Дрисла, со цел да се утврди степенот на нивната опасност.

Тој истакна дека по завршувањето на изборите ќе се започне со дефинитивно решавање на ситуацијата со депониите Дрисла и Вардариште. На денешната прес-конференција во Центарот за управување со кризи, по седницата на Кризниот штаб, Ангелов изјави дека во предизборен период не се преземаат големи проекти за решавање на проблемите и дека по изборот на нов градоначалник на Скопје и општините ќе се понудат долгорочни решенија, за што, како што нагласи, е потребна поддршка од државата. “Очекувам дека новоизбраниот градоначалник со поддршка на Владата да ги среди овие депонии.”

“Се работи за обемен процес во кој треба да се вклучат и општините Гази Баба и Кисела Вода и други надлежни министерства и институции и да започне процес на трајно решевање. Како Влада имаме сериозна намера да се зафатиме со решавање на овие горливи проблеми”, рече Ангелов.

Во одговор на новинарско прашање за последиците по граѓаните од состојбата на депонијата Вардариште, тој напомена дека таму има огромни количества отпад, за кои рече дека е невозможно да се покријат со земја и да се спречи истекувањето на загадените подземни води во реката Вардар. “Ќе разговарам со одговорните во депонијата и ќе побарам одговори.”

“Јавноста заслужува одговори и знам дека е потребен студиозен пристап во решавањето на проблемите на двете депонии Дрисла и Вардариште”, заклучи Ангелов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…