Ќе сме помогнеле со имплементацијата: Ковачевски го поздрави договорот Белград -Приштина
Република Македонија го поздравува постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија, со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целост – рече премиерот Димитар Ковачевски денеска на средбата со косовскиот премиер Албин Курти, која се одржа на маргините на Економскиот форум којшто се одржува во Скопје.
Тој нагласи дека отворените прашања треба да се решаваат низ дијалог и ја нагласи подготвеноста на Македонија во својство на претседавач со ОБСЕ да го помогне процесот, особено во фазата на имплементација на одредени делови од евентуалниот договор.
Ковачевски рече дека Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена за давање придонес во таа насока, како и дека активно го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка.
На средбата се дискутираше за повеќе теми, меѓу кои за напредокот на взаемната соработка, како и идните чекори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.
Двајцата премиери заеднички констатираа задоволство од нивото на економска соработка, а се зборуваше и за можностите за реализација на заеднички проекти во различни области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…